Мекоста на тестото и вкусот на овие кифлички, подолго време ќе ви останат во сеќавање.Потребни состојки:
600 g меко брашно
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
100 ml масло
1 чаша кисела павлака
200 ml топло млеко
1 коцка свеж квасец
1 лажица шеќер
За премачкување:
1 жолчка
1 лажичка млеко
Сусам, ким и мак по желба
Подготовка:
1. Помешајте 200 ml топло млеко со квасец и шеќер, па потоа оставете ја смесата малку да се запени и да се крене.
2. Во садот во кој ќе ги месите кифличките, помешајте брашно, прашок за пециво, сол, додадете масло и павлака, па целата смеса добро измешајте ја, а потоа додадете го и нараснатиот квасец.
3. Замесете тесто и поделете го на 4 дела, секој дел исукајте го до 0.5 cm дебелина, исечете на 8 триаголници, филувајте по желба (можете и празни да ги оставите), па направете ги кифличките.
4. Наредете ги кифличките во сад за печење, во кој претходно ќе ставите хартија за печење и оставете ги околу 15 минути на топло место малку да нараснат. Премачкајте ги со жолчката, ставете по желба сусам или мак (може и некои други семиња) и печете околу 15-тина минути сѐ додека не поруменат.
Пријатно јадење!
За да дознаете повеќе рецепти и факти за храната, посетете го НАЈАДИСЕ.МКПотребни состојки:
600 g меко брашно
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
100 ml масло
1 чаша