Единаесетгодишниот Јован Алексиќ од Подгорица, потполно го воодушеви жирито на шоуто „Ѕвездичките на Пинк“. Имено, Јован ја испеа песната на Здравко Чолиќ „Као моја мати“, а како што рекоа Милан Станковиќ и Јелена Томашевиќ, тој ги остави без зборови.-Ти ѝ додаде нешто ново на песната, некои свои решенија поради кои постарите треба да се запрашаат кога ја изведуваат. Немам зборови – рече Хари Мата Хари.
Гоца го пофали неговиот стајлинг, но и пеењето пред сѐ.
-Убав си и фризурата ти е супер, но ќе го оставам тоа настрана и ќе речам дека пееш како ангел – рече Гоца.
И Јелена се приклучи кон пофалбите, додавајќи дека целосно беше воодушевена од неговиот настап.
Погледнете како звучеше малечкиот Јован:-Ти ѝ додаде нешто ново на песната, некои свои решенија поради кои постарите треба да се запрашаат кога ја изведуваат. Немам зборови – рече Х



