Пеколниот план на Марк: Еве како Фејсбук ќе завладее со светот!

Да им се обезбеди на сите бесплатен интернет е цел која заслужува пофалба. Сепак зад тоа стои нешто многу големо- се верува дека технолошката индустрија може и треба да ги реши сите животни проблеми.Internet.org е партнер на Фејсбук, Самсунг и на уште неколку големи технолошки компании, лидери во технологијата и експерти кои работат на тоа да во земјите на Третиот свет, односно на оние народи кои немаат пристап, по пат на паметни телефони да им овозможат евтина интернет конекција. А ветено е дека базичните работи како Википедија и временска прогноза ќе бидат бесплатни.
Идејниот лидер за ова е токму сопственикот на Фејсбук Марк. Неговата визија е амбициозна-Фејсбук неодамна купи мали дронови кои наскоро ќе може да летаат на небото и да нудат интернет конекција.
Кога еден новинар забележа дека Internet.org звучи како „дрога за бегство од реалноста“ Марк одговори дека повеќе преферира да го набљудува како „рампа за интернет“. Рампата преку која Фејсбук пропушта голема количина на информации и има големо влијание не само за тоа  како корисниците ќе добијат пристап туку и како да добија образование, здравствена заштита…
Иако Internet. org може да обезбеди доволен пристап на интернет за земјите кои се во развој, тој тоа го прави под многу необични услови.
Освен неколку корисни апликации,тој пружа само пристап до Фејсбук како и сите сервиси од образование па се до банкарство, кои се согласуваат на тоа Фејсбук да им биде посредник.

 
Постои само едно старт ап решение кое демонстрира на кој начин би можело сето ова да функционира. Па така потребно е да се аплицира за кредит кој ќе му овозможи пристап до активностите на социјалните мрежи.
Па така Фејсбук доаѓа како главна платформа за останатите услуги. Па колку и да вели Марк дека Фејсбук е непрофитна организација, тој заработува од своите корисници и нивните интереси фундаментално се разликуваат од интересите на корисниците.
Фејсбук поради својот долгорочен интерес го шири својот домет  и рекламирање во земјите кои се во развој.  Па може да го направи интернетот попристапен но не може во никој случај да обезбеди ниска цена затоа што за тоа ќе мора да се бори со многу институции.
Не би требало ни да се дозволи развој на услугите кои на студентите им нудат опција: или предајте ги вашите податоци на Фејсбук или платете го онлајн курсот.
Од друга страна сите социјални организации кои се занимаваат со универзалните и пристапните конекци, не би требало оваа премиса да ја земаат здраво за готово. Односно не треба да наседнуваат на хуманитарната реторика.
Па токму затоа треба два пати да се размисли што се крие зад ова пред да се прифати со воодушевување.Internet.org е партнер на Фејсбук, Самсунг и на уште неколку големи технолошки компании, лидери во технологијата и експерти кои работат на тоа да в

Пронајдете не на следниве мрежи: