Двегодишниот Леонард, син на актерката Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, за шест месеци ќе добие братче или сестричка. Актерката, која веќе е во трети месец од бременоста, ја потврдила веста за E! News, а ова убаво изненадување е посебно за Пенелопе, бидејќи и нејзината сестра Моника исто така очекува бебе.
Извонредната актерка е две години во брак со ѕвездата на новото продолжение на тајниот агент 007, а таа и Хавиер се запознале на снимањето на филмот „Vicky Christina Barcelona“ во 2007 година. Моментално парот со својот син се одмарана Бахамите, сместени во луксузната вила на нивниот колега Џони Деп. Инаку, Пенелопе и Хавиер живеат во Лос Анџелес, а поголемиот дел од минатата година го поминаа во Обединетото Кралство, каде што Бардем го снимаше новиот Бонд.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.