Да, добро прочитавте. Пентагон има стратегија доколку мртвите трупови надојдат. Сега проценете дали се чувствувате побезбедно или не?Знаеме дека сте прилично изненадени од ова, но самиот протокол на Пентагон гласи: „Бидејќи зомби суштествата претставуваат закана за сите останати земски суштества, стратешката команда е подготвена соодветно да реагира со цел да ги заштити луѓето од вакви напади“
Документот за оваа работа, наречен КОНОП 8888 е ратификуван на 30 Април 2011 година. Неговите автори уверуваат дека не е лажен, но и дека не е потполно сериозен, велејќи дека „хиперболата во овој документ била мошне ефективна тренинг-алатка“.
Од Пентагон велат дека во мисиите кои се дел од тренингот намерно се даваат вакви фиктивни случаи, со цел да не дојде до забуна и да се помисли дека станува збор за нешто вистинито. На пример, може да настане забуна ако тренингот се однесува на мисија во Кенија или нигерија против терористички групи.
Планот се состои од вежби на неколку нивоа, на пример, тоа дека „зомбизмот“ е заразен и с ешири со голема брзина. За жал, во планот нема инструкции како да се ослабне економијата на зомбите. Наведени се и зомби со магични способности, што е навистина отежителна околност за оние кои тренираат по овој план.
Сепак, иако најмоќната армија на светот изготвува планови против зомби, вампири, врколаци и што ли уште не, ние обичните луѓе сме оставени да се снаоѓаме самите.
Така на пример, пред неколку дена во САД на конгресот му е доставен амандман со кој се предлага ограничување на Министерството за одбрана во случај на антропогено глобално затоплување, било тоа да е случај со конфликти околу се поретките извори на вода за пиење или пак поплавување на воени бази на ниски точки.Знаеме дека сте прилично изненадени од ова, но самиот протокол на Пентагон гласи: „Бидејќи зомби суштествата претставуваат закана за сите ост