Перо Антиќ дебатираше за Атланта со 3 поени против Мајами

Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ синоќа првпат настапи во дресот на Атланта Хоукс.Се работи за натпревар од претсезоната, но сепак Антиќ имаше можност првпат лично да ја почувствува НБА атмосферата и тоа во дуел со актуелниот првак Мајами Хит. Тоа беше прв пред сезонски меч на Атланта Хоукс, а забележа пораз од 92:87 иако малку недостасуваше тимот од Џорџија да направи пресврт и да си замине со победа.
Првиот дел, односно првото полувреме целосно му припадна на Мајами и тоа убедливо, со 49:30 при што најефикасен беше Крис Бош со 19 поени. Во вториот дел работите се сменија. Атланта беше далеку подобра, го доби со 57:43, но немаше сили да дојде до целосен пресврт. Не смее да се заборави и тоа дека Мајами играше без петмина кошаркари: Двејн Вејд, Адонис Хаслем, Крис Андерсен, Мајкл Бисли и Грег Оден. Освен тоа,
Леброн Џејмс имаше лимитирана минутажа, на теренот помина речиси 21 минута и за тоа време само девет поени. Најефикасен беше Бош со 21 поен.
Што се однесува до Перо Антиќ, неговата минутажа беше доста поголема од очекуваното. Одигра речиси 16 минути и беше доста активен упатувајќи дури осум удари кон противничкиот кош иако погоди само еден (1/6 за три, 0/2 за два), па натпреварот го заврши со три поени, но имаше и четири скока и една топка. За неговата игра, особено во одбраната, имаше многу пофалби и задоволство на клупата Атланта Хоукс што би можело да биде најава за доста значајна улога во екипата во претстојната сезона.
Најефикасен во Атланта беше Мајк Скот со 13 поени, Милсап постигна 12, а Керол десет.
Следниот меч на Атланта е веќе вечерва и тоа на гости против Шарлот. Тоа е нова шанса за Антиќ за демонстрација на своите квалитети.
Фото: sportclub.mkСе работи за натпревар од претсезоната, но сепак Антиќ имаше можност првпат лично да ја почувствува НБА атмосферата и

Пронајдете не на следниве мрежи: