Перовиќ: Куманово во континуитет е најзагаден град во балканскиот регион

Куманово во континуитет е најзагаден град во балканскиот регион, а градоначаликот Зоран Дамјановски ништо не презема, истакна на денешната прес конференција Никола Перовиќ, потпретседател на УМС ОК Куманово.-Квалитетот на воздухот викендот беше загрижувачки лош. Во петокот нивото на ПМ 10 честиците беше 250, а во саботата беше 490, за вчера да достигне 680. Тоа значи десетици пати повеќе од максимално дозолената граница. Куманово со месеци наназад, редовно е еден од најзагадените градови во балканскиот регион. Неодговорната власт на СДСМ во Куманово и градоначалникот Дамјановски молчат и не превземаат ништо, свесно го минимизираат овој проблем додека кумановци се трујат, а се поголем е бројот на пријавени граѓани со тешки ресираторни проблеми. Дамјановски и СДСМ не излегоа со ниту една мерка или еден предлог за решавање на овој проблем. Токму тие се најодговорни за ваквите состојби во Куманово, вели Перовиќ.
Тој додава дека Дамјановски и СДСМ не подигнале ниту една нова зелена површина во градското подрачје и дозволиле цело Куманово да се претвори во депонија.
-Тие кумуваа на урбанистичкиот и сообраќаен хаос во градот.
Тие направија само фиктивна гасификација за лични и тесно партиски бизнис интереси од која граѓаните немаат никаква корист. Да беше здравјето на граѓаните бизнис од кој Дамјановски и СДСМ ќе имаа ќар досега ќе излезеа со барем еден проект. Граѓаните на Куманово видоа дека СДСМ и Дамјановски не се интересират за нивното здравје, вели Перовиќ.-Квалитетот на воздухот викендот беше загрижувачки лош. Во петокот нивото на ПМ 10 честиците беше 250, а во саботата беше 490, за вчера да достигне

Пронајдете не на следниве мрежи: