Пет знаци дека интервјуто за работа поминало успешно

Како да знаете дали поминавте добро или дали повторно ќе добиете повик со кој ќе ве одбијат? Еве неколку знаци кои ќе ви потврдат дека се претставивте добро:
Второ интервју. Ако веднаш ве поканат да отидете на второ интервју, тоа е знак дека се заинтересирани за вас. Доколку не беше така, најверојатно ќе ве известеа дека ќе контактираат со вас за да ве информираат за нивната одлука.
Запознавање со тимот. Добар знак е ако оној што го спроведува интервјуто, уште веднаш ве запознае со некои вработени или ако ви спомене дека би сакал да ве запознае со некои конкретни луѓе. Ако смета дека не сте соодветна за таа позиција, нема воопшто да се реши на таков чекор. Запомнете дека тој може да побара мислење од тимот, па затоа однесувајте се добро со сите што ќе ги запознаете.
Ви одговараат темелно на сите прашања. Во повеќето интервјуа ве прашуваат дали имате прашања, но ако ви одговараат кратко и незаинтересирано, тоа е знак дека не сте поминале баш најдобро. Кога личноста која ве интервјуира се обидува да одговори темелно на вашите прашања, тоа е знак дека сака да ве привлече.
Се обидуваат да ви ја „продадат“ позицијата за која кандидирате. Кога работодавец е заинтересиран да станете дел од неговиот тим, тој ќе ви ги посочува силните страни на позицијата за која кандидирате и на компанијата. На тој начин тој сака да добиете јасна претстава за тоа како стојат работите во компанијата и сака да ви даде до знаење дека вие сте соодветниот човек за тоа работно место.
Невербалната комуникација. Невербалните сигнали се добар начин за да оцените како сте поминале на интервјуто за работа. Обрнете внимание на личноста која ве интервјуира и побарајте невербални сигнали како запишување забелешки, насмевка, кимање со главата или поставување на прашања. Ако интервјуерот запишува само неколку забелешки, постојано гледа на својот часовник или не поставува детални прашања, вашето интервју не поминува како што треба.
Сепак, ако се присутни овие знаци, бидете сигурни дека имате шанса да ја добиете работата која ја сакате.Како да знаете дали поминавте добро или дали повторно ќе добиете повик со кој ќе ве одбијат? Еве неколку знаци кои ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: