Петмина загинати во земјотрес на Соломонските острови

Силен земјотрес со магнитуда од осум степени, во средата го погоди источниот брег на Соломонските острови, во Тихиот океан.
Според првичните извештаи, во земјотресот загинале пет лица, а три биле повредени. „Има петмина загинати и тројца повредени. Меѓу настраданите има едно машко дете“, изјавила Крис Роџерс, медицинска сестра од болницата Лата Хоспитал, кое се наоѓа на островите Санта Круз во соломонскиот архипелаг. По земјотресот, до брегот на Соломонските острови стигнал и цунами висок еден метар, објави локалното радио, повикувајќи се на изјави на очевидци.
 
МакфаксСилен земјотрес со магнитуда од осум степени, во средата го по

Пронајдете не на следниве мрежи: