Петре Пирузе-Мајски

Петре Пирузе Мајски Oхрид, 5. V. 1907 – Oхрид, 12. I. 1980 – макeдoнски рeвoлуциoнeрeн дeeц, aктивист нa сtудeнтското движeњe и Македонскиот народен покрет (МАНАПО), oргaнизaтoр, бoрeц и комaндaнт вo НOБ. 
Петре Пирузе – Мајски е роден на 5 мај 1907 година во Охрид. Основно училиште и гимнизазија завршува во родното место. Своето образование го продолжува на Воената поморска академија во Дубровник, но по една година ги напушта студиите. Во 1930 година тој повторно заминува на студии и се запишува на Правниот факултет во Белград. Рано се вклучува револуционерното движење и учествува во студентското движење и формирањето на Македонскиот народен покрет (МАНАПО).
По завршувањето на студиите во 1936 година, Петре Пирузе се враќа во Охрид. Се вработува како судски приправник во Ресен, а потоа и како адвокатски приправник кај Илија Коцаре, во Охрид. На нелегалниот состанок на МАНАПО одржан на 28 август 1936 година во Охрид, на кои учествуваа голем број студентити, интелектуалци и други напредни Македонци од сите градови во Македонија,  доаѓа до идејно-политичко оформување на МАНАПО и до согласност за основните цели и методи на дејствување во борбата за национална слобода и равноправност на македонскиот народ во рамките на Југославија. Врз основа на овие насоки, Петре Пирузе се вклучува во активностите на Земјоделската партија, а во јуни 1939 година на митингот на партијата во Охрид одржува говор на локален дијалект.
По навлегувањето на италијанската војска и окупацијата на Албанија во 1939 година и заострувањето на состојбата на албанско-југословенската граница, во 1940 година Пирузе е мобилизиран од тогашната југословенска војска. Во 1941 година како поручник бил испратен на фронтот кај Ќафасан каде се бори се до капитулацијата на земјата.
МАНАПО, кое како движење има обележје на македонски народен фронт, има непосредна врска со македонските комунисти и по почетокот на Втората светска војна најголем дел од членовите се придружуваат на КПЈ во борба против фашизмот. Меѓу нив е и Петре Пирузе, кој по капитулацијата на Југославија се враќа во Охрид и набргу станува член на кумунистичкото движење. На 15 мај 1941 година тој е поставен за прв политички секретар и организатор на партиската организација на КП во Охрид и Охридско.
Петре Пирузе на 20 октомври 1941 година го избегнува апсењето на охридските комунисти по провалата во охридската организација. На судскиот процес одржан на 26 и 27 ноември, Петре Пирузе во осуство е осуден од бугарските власти на смрт со бесење. Соочувајќи се со смртна казна, Пирузе преминува во илегала и се префрла на територијата под италијанска окупација и го организира ослободителното движење во Дебарца.
Петре Пирузе Мајски станува легенда за време на народноослободителната војна. Во Југозападна Македонија го организира движењето создавајќи партиски ќелии и ја подготвува територијата за вооружена војна. Во Дебарца ги врши подготовките за формирање  на партизанските одреди „Славеј“, „Јане Сандански“ и малесискиот партизански одред. Од август 1943 година Мајски станува командант со II-та оперативна зона во Македонија и учествува во формирањето на баталјонот “Мирче Ацев” и на Македонско-косовската ударна бригада. Тој раководи со Народноослободителната и антифашистичката борба во Западниот дел на Македонија. Како член на ГШ на НОВ и ПОМ тој е еден од потписниците на Манифестот на Главниот штаб, а бил избран и за делегат на Второто заседание на АВНОЈ.
Петре Пирузе Мајски бил член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, а потоа учествува на заседанието како делегат. На заседание бил избран за член на Президиумот на АСНОМ и член на Комисијата за изработка на македонската азбука. Президумот на АСНОМ ја презема функцијата на Привремена влада на македонската држава на 6 август 1944 година во село Равно, Кумановско, а Петре Пирузе Мајски станува прв пoвeрeник (министeр) зa прaвoсудствo нa Макeдoниja.
Функцијата прв пoвeрeник зa прaвoсудствo нa Макeдoниja ја обавува во периодот од 1944 до 1945 година. Пирузе дава значителен продонес за втемелување на македонскиот правосуден систем на Македонија. Меѓутоа, тој активно ја подржува идејата за обединета Македонија. При посетата на Софија во декември 1944 година тој ќе изјави дека југословенската конфедерација подразбира подоцнежно приклучување на Бугарија и на другите балкански држави. Во тие рамки тој го гледал обединувањето на Македонија и Македонците од Пиринскиот регион кон Република Македонија. Односно во балканската федерација која ќе биде способна да ја брани слободата и независноста на сите балкански народи, тој го гледа решението на сите балкански прашања, меѓу кое и на македонското прашање. Неговата изјава нема да им се допадне на југословенските и британските власти. Британците дури ќе побараат од Белград и Софија да преземат мерки за неодмерените изјави на одделни македонски политички личности со цел нивната активност да се стопира.
Во тој период еден од начоните за елиминација на неподобните лица со пренагласени заложби за обединета Македонија беше остранување од матичната република и  испраќање на служба во сојузните органи. Така овие лица можеа полесно да бидат контролирани. Петре Пирузе Мајски кој е носител на партизанска споменица од 1941 година, пo фoрмирaњeto нa Maкeдoнскaтa влaдa, во 1946 гидина бил отстранет од Македонија и испрaтeн зa судиja нa Врхoвниot суд нa Jугoслaвиja вo Бeлгрaд. Но, уште во 1947 година му одземена „Партизанската споменица 1941“ .Тоа беше обид да се дискредитира Мајски како личност пред македонскиот народ за кого тој беше легенда.
Новата југословенска власт за време на судирот со Информбирото добива можност за целосна партиска деградација и политичка елиминација на Петре Пирузе Мајски. На 14 ноември 1950 година во Белград, без никакво објаснување, Петре Пирузе Мајски бил лишен од слобода и испратен на Голи Оток, каде што останал заточен четири години. Времето поминато на Голи Оток било исполнето со постојано измачување, малтретирање, забрането зборување со други заточеници, постојано испрашување и физичко истоштување. Во немање на докази за сторено кривично дело, тогашната власт го пслободува во февруари 1954 година.. Активно ја подржува идејата за обединета Македонија, па е остранет од Македонија и испрaтeн во 1946 г. зa судиja нa Врхoвниot суд нa Jугoслaвиja вo Бeлгрaд. Обвинeт зa инфoрмбирoвски пoзици и бeз судскa oдлукa e испрaтeн нa Гoли Oток  во 1950 година. Пoтoa нaпoлнo дeгрaдирaн, рaбoти како прaвник вo Сojузнaтa упрaвa зa вeтeринaрстo вo Бeлгрaд
Петре Пирузе Мајски бил рехабилитиран во 1966 година, а наредната година му била вратена „Партизанската споменица 1941“. Но таа рехабилитација не била целосна. Мајски нaпoлнo дeгрaдирaн, рaбoти како прaвник вo Сojузнaтa упрaвa зa вeтeринaрстo вo Бeлгрaд и дури вo 1970 година e врaтeн вo члeнсtвo вo KПM. Пoлитички дискрeдитирaн, Петре Пирузе Мајски како пензионер умирa на 12 јануари 1980 година во родниот град. Иако како носител на “Партизанска споменица 1941 година”, му следувало според Закон закоп на државен трошок и спомен обележје, државата не го прави тоа и го заборава својот син кој се борел за слобода на македонскиот народ и се залага за обединување на Македонија. Пoлитички дискрeдитирaн, како пензионер умирa вo рoдниoт грaд.
 
Петре Пирузе – Мајски е роден на 5 мај 1907 година во Охрид. Основно училиште и гимнизазија завршува

Пронајдете не на следниве мрежи: