Петрушевски: Градоначалникот на Куманово вети многу проекти, но од ветувањата ништо не е сработено

Бране Петрушевски на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека локалната власт на Куманово на чело со сегашниот градоначалник ќе биде запаметена по барањето на разно-разни изговори зошто ветените проекти на одредени проекти не биле реализирани.Тој појаснува дека Куманово како еден од најголемите градови во Македонија има голем буџет од 37 милиони евра кои дозволуваат да се прават одредени развојни политики, но и оти државата ги има реализирано сите обврски кон општината.
-Куманово како еден од најголемите градови и најголема општина во Република Македонија располага со еден голем буџет кој изнесува преку 37 милиони евра на годишно ниво и тоа на приходната страна. Буџет кој што дозволува да градиш одредени развојни политики во интерес на граѓаните на општина Куманово. Ако се изврши анализа на тој буџет, на таа приходна страна се забележува дека 100 проценти од обврските кои државата ги имала во овие години наспроти општината се изреализирани. Во преку 95 до 100 проценти тие приходни страни се реализирани од страна на владата, на централно ниво, за разлика од ставките приходни кои што се прибираат од локални организациони едини каде што има огромно потфрлање, истакна Петрушевски.
Според него, потфрлувањето се случува затоа што се прави вештачки буџет во кој се става се и сешто без да се изврши детална анализа на тоа што во тој момент може да биде реализирано.
-Овдека морам да споменам дека еден од покрупните проекти со кои што СДС излезе на локалните избори 2013. година, а тоа е индустриската зона во атарот на селото Речица. Тогаш помпезно беше најавувана и од градоначалникот и од претседателот на Советот како еден од покрупните проекти кој што ќе вработи преку 2.000 луѓе, кој што ќе биде на 60 хектари, ќе привлечат многу индустриски капацитети и во голема мера ќе го реши тој проблем на невработеност во Куманово, посочи Петрушевски
Меѓутоа, вели тој,  од 2013 до ден денес со мал прст се нема мрднато на таа тема или како што тие милуваат да кажат, една шајка немаат заковано во атарот на с. Речица.
-На реакциите од наша страна каде е таа зона и зошто ништо не се презема во тој дел, добивме едно за мене чудно, па можеби и смешно објаснување од актуелниот градоначалник кој што рече дека тие направиле анализа и дошле до констатација дека индустриската зона во с. Речица не била атрактивна за потенцијалните инвеститори. Односно дека тие парцели кои што ги нуделе не постигнувале пазарна вредност. Да бидеш градоначалник и да дадеш таква изјава, според мене во голема мера кажува и за твојот кредибилитет, способност на твојата администрација да направи една квалитетна анализа на еден проект и да  излезе со тој проект пред граѓаните, потенцира Петрушевски.
Според него, локалната самоуправа во тоа село не направила ниту пристапен пат, ниту канализација, ниту водовод, ниту струја со цел да ја зголеми атрактивноста на земјиштето, а тоа, вели Петрушевски, да ја зголемат и цената и нормално да дојдат до одредени инвеститори и да изградат инвестициски капацитети.
-Меѓутоа, да нудиш само парцели од ниви и да ти дојдат инвеститори покажува за степенот на знаење или незнаење на одредена структура. Тука морам да потенцирам за да бидат свесни самите во локалната самоуправа Куманово колку напори вложила владата на ВМРО-ДПМНЕ да привлече инвеститори во индустриските зони. Дека тоа не се прави ниту преку ноќ, ниту со магично стапче, туку апсолутно за тоа треба план, за тоа треба волја, за тоа треба секојдневна комуникација и работење да изреализираш еден таков проект. Меѓутоа, нашата локална самоуправа обележана по тоа што се некој друг бил виновен излезе со едно паушално објаснување дека економски било неисплатливо, тоа нивно ветување не го изреализираа, истакна Петрушевски.
Тој потенцира дека еден од најголемиот проблем на Кумановци е сообраќајниот хаос кој се има наталожено во овие 12 години владеење на оваа локална власт.
-Секој Кумановец што секојдневно му пречи и што секојдневно го чувствува, тоа е да кажеме оној урбан хаос, сообраќаен хаос. Во Куманово со години се градат секакви здранија, зграда на локации на кои реално не биле предвидени за тоа, со тоа прават штета и на комуналната инфраструктура, водоводната и канализационата мрежа, попречуваат движење во сообрќаајот. Сообраќајниот хаос е нешто што е приоритетно и веќе не може да се толерира и мора да се реши, појаснува Петрушевски.
Тој потсети дека локалната самоуправа се обидела да спроведе зонско паркирање, но според него, со самото тоа само се зголемил сообраќајниот хаос.
-Се обидоа со еден несреќно спроведен проект за зонско паркирање во Куманово каде што со неколку литри поликолор обележаа паркинг места и наместо да ги изградат паркинг местата, да му овозможат на граѓанинот да паркира, тие улиците ги направија паркинзи, поставија цена која што со години претходно ветуваа дека ќе биде намалена, меѓутоа, нема абер од намалување. Така си формираа уште едно претпријатие кое што сметаа дека ќе ги задоволи нивните потреби за вработување на нивната локална организација. Меѓутоа, реалните придобивки од тој проект ги нема, во Куманово уште повеќе се зголеми тој сообраќаен хаос, движењето уште потешко се попречи, а паркинг места нема, истакна Петрушевски.
Тој додаде дека градоначалникот на Куманово ветувал многу проекти, но оти од ветувањата ништо не е сработено.Тој појаснува дека Куманово како еден од најголемите градови во Македонија има голем буџет од 37 милиони евра кои дозволуваат да се прават одредени

Пронајдете не на следниве мрежи: