Пиевте алкохол? Еве што треба да конзумирате за да се ослободите од мамурлакот…

На сезоната на забави и прославувања не и се гледа крајот, па затоа решете се од мамурлакот кој може да ви го расипе утрото после долгото славење.Избегнете ги несаканите мачнини и главоболки со следниве производи:
Кофеин – Можеби се сомневате во кофеинот, заради тоа што делува премногу едноставно за да биде вистина, но официјално во 2011 година е направено испитување кое го потврдило дејството против мамурлак. Кофеинот покрај за будење и освестување, делува и на хемикалијата аденозен присутна во алкохолот која ги предизвикува главоболките.

Кактус – Да, екстрактот од бодликавиот кактус е едно од најдобрите решенија против мачнините, покажале неколку испитувања во 2004 година. Меѓутоа, тој се консумира пред алкохолот.

Сендвич со сланина – Смешно, но сланината содржи аминокиселини кои помагаат против несаканите дејства предизвикани од алкохолот.

Сок од портокал – Витаминот Ц во портокалот е една од најважните состојки кои го ублажуваат дејството на алкохолот. На телото му недостасуваат многу течности и витамини утрото после пијанство, така што ова е одличен начин да си ја вратите енергијата.

Јајца – Состојката цистеин која ја има во јајцата, може да помогне да се отстрани алдехидот кој е всушност хемикалијата која се создава во вашето тело од големо количество на алкохол.
Избегнете ги несаканите мачнини и главоболки со следниве производи:
Кофеин – Можеби се сомнева

Пронајдете не на следниве мрежи: