Пилешко со копар и суви смокви

Предлог рецепт: Пилешко со мед, рузмарин и пармезан

Состојки:
2 пилешки копани
1 сноп праз кромид
1 морков
1 чешне лук
½ коцка пилешка супа
1 чаша бело вино
1 лажица масло
8 суви смокви
Бибер, сол, копар


Начин на подготовка: 

Во тенџере со врела вода растворете ја супата. Исецкајте го празот и морковот. Зачинете го пилешкото со сол, бибер и малку маслиново масло. 

Запржете ги копаните во маслиново масло. Додадете едно чешне лук и покријте со капак. Кога лукот ќе пушти арома, извадете го чешнето и намалете го огнот на шпоретот и додадете го белото вино. Потоа додадете го морковот и празот. 

Смоквите се сечат на парчиња и се додава во супата. По неколку минути посипете ги пилешките копани со супата. Сервирајте го јадењето и одозгора посипете со копар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.