Пилешко со мед, рузмарин и пармезан

Потребни производи: 

Пилешко со мед, рузмарин и пармезан

2 парчиња пилешки гради, 

1 лажица мед, 

1 лажица вински оцет, 

маслиново масло, 

гранче рузмарин, 

1 чешне лук, 

1 главица црвен кромид, 

3 парчиња пршута,  

400 г боранија од конзерва, 

40 г рендан пармезан, сол и црн пипер

Начин на подготовка:
За маринадата: Во сад подготвуваме мешаме оцет, мед, малку маслиново масло , неколку сечкан ливчиња рузмарин и чешне лук. Со помош на нож правиме неколку рецки (попречно) на секое парче пилешко. Ставете го месото во сад и го оставете го да се маринира.
Предлог рецепт: Пилешки гради во сос од нане

За гарнирот:
Во маслиново масло на средна топлина издинстајте го исечениот црвен кромид, останатото гранче рузмарин исечкано на ситно, пршутата и боранијата. Ако мешавината стане премногу сува, може да додадете од течноста од конзервата боранија или вода. Зачинете со сол и црн пипер. Запржете го пилешкото месо. 

Кога ќе стане малку посуво додадете ја маринадата. Во чинија за сервирање прво ставете од гарнирот, посипете со пармезан и на врвот ги ставаме пилешките гради.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.