Пишев: Хулиганството на Заев покажа дека тој е грдото лице на Македонија

Во Република Македонија има само едно грдо лице, тоа е лицето Зоран Заев.Интегрален текст од прес конференцијата на Васил Пишев
Тој своето грдо лице го покажа доцна синоќа кога неговите вандали и хулигани почнале да ги уништуваат предизборните промотивни политички матријали на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија. Еден паничен и очаен потег на еден очаен човек.
По исти урнек како хулиганите кои ги сквернавеа историските спомен обележја во Скопје, ноќеска во Струмица платени вандали го уништиле централниот банер на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
Каков очаен и подол чин почитувани граѓани? Се прашувам колкав е тој страв и таа фрустрација од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски?
Освен што е оштетен банерот, предизвикана е матријална штета и на дуќаните во близина кои се во приватна сопственост. Те прашувам, вака ли ги почитуваш струмичани? Зошто ги срамиш и ги понижуваш? Настрадаа нивните излози, а денеска има жестоки реакции и од сопствениците и од струмичани дека не смее да се влегува во ваква валкана кампања и дека поразот мора да биде прифатен достоинствено.
Овој гнасен чин во текот на денешниот ден ќе биде пријавен во МВР, а се очекува техничкиот министер Оливер Спасовски, кој е и генерален секретар во СДСМ и носител на листа во изборната единица 2 да изврши притисок врз началникот на струмичката полиција кој тој го постави , инцидентот да биде веднаш расветлен.
Неофицијално, во близина постои безбедносен видео надзор и не би требало да биде проблем за струмичката полиција да ги открие хулиганите доколку за тоа постои политичка воља. Го прашувам Зоран Заев, зошто ваков очаен потег, толку ли беше очаен вчерашниот митинг во Прилеп, па ти е потребен ваков храбар потег? Зар твојата уста не беше полна како ти си за фер избори?
Зар не беше ти тој кој плачеше насекаде вклучувајќи и странски амбасади дека политичката култура треба да биде на високо ниво? Зар пред некој ден не потпиша кодекс за фер избори, или си продолжуваш по старо, речено заборавено, или битен е само твојот потпис за матните тендери? За тоа ли го бараше МВР, да ти ги заштитуваат ваквите скандали.. Сѐ што рече излажа Зоране, за што се заложи изгоре.. Ти го разбирам стравот од твојот очаен рејтинг, од твојата очајна политика, од очајната посетеност на митинзите, но не ти го разбирам вчарашниот гнасен и грд чин за да го покриеш сето ова.
Ти си смртно преплашен и сакаш да провоцираш инциденти за подоцна да бараш оправдување за поразот кој те чека. Ние од ВМРО ДПМНЕ нема да наседнеме на вакви очајни игри, а нема ни струмичани. Заврши твоето време тука Зоране, ти си прочитана книга веќе 11 години. Ти си прочитан во Струмица и во цела Македонија.
Зошто знаеш дека на 11 декември ќе заврши времето на лагите за развојни индустриски зони во Струмица, за грабежот од типот на Глобал, од барање едно евро за Вицето, од криминалите како во Цареви Кули, Струмица Гас, од тендерите на твоите фирми.
После 11 декември власт местото веќе не ти е за функција, туку зад решетки. Ноќеска покажа дека ти си грдото лице на Македонија и на Струмица, а не македонскиот народ.
Доаѓа ВМРО-ДПМНЕ по тебе Зоране, бегање повеќе немаИнтегрален текст од прес конференцијата на Васил Пишев
Тој своето грдо лице го покажа доцна синоќа кога неговите вандали и

Пронајдете не на следниве мрежи: