Пишев: Заев ја користи секоја прилика да го изигра законот

Ова зад мене е огромниот комплекс со кој потписот на струмичкиот градоначалник Зоран Заев на општината Струмица со која тој раководи незаконски легализирал дивоградба која никако не смеела и не требала да биде легализирана.Ова денес го изјави на прес конференција Васил Пишев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој изјави дека 645 метри квадратни на луксузен хотелски комплекс се легализирани и лажно прикажани дека се изградени порано од тоа што се со цел да бидат опфатени со законот за легализација на дивоградбите кој го донесе владата.
-Овде имаме случај на незаконско постапување, фалсификување, узуприрање на државно земјиште и изигрување на законот. Свесно, намерно, овој објект иако е изграден во 2013 година бил прикажан дека е изграден во 2011 година со цел да се озакони овој криминал опфати со законот за легализација по 1 евро. Згора на тоа е узурпирана за приватни цели огромна површина на државно земјиште, со што се прави уште поголема штета за граѓаните. СДСМ и општината Струмица нема да може да ја спасат од срамниот криминал штурите соопштенија со по три реда во кои ништо не кажуваат и се правдаат. Состојбата е јасна. Цела Струмица, а сега и цела Македонија, знае дека во 2011 кога лажно прикажале дека се изградил овој објект тука беше празна ливада, со неколку дотраени објекти. А веќе од сателитските снимки од 2013 година се гледа дека објектот е изграден, дека има вистинска хациенда и огромен бесправно изграден хотелски комплекс. Ова, според интервјуто на Заев, е неговото најомилено место, а сега знаеме и зошто тука лежи огромен криминал кој институциите ги повикувам да го испитаат, истакна Пишев.
Подносител на барањето за легализација на комплексот е Ристовски Коце од Струмица, кој подоцна и го препишал на својата сопруга. Фирмите на Ристовски Коце, рече Пишев, се дел од богатата тендер мрежа на кланот Заеви.
-Ова зад мене, како и Глобал, е жив сведок на криминалот на Зоран Заев, класично изигрување на законите. Наместо заштитник на средната класа, Зоран Заев е измамник кој печали на грбот на мерките наменети за средната класа. Ова е срамен пример за тоа како Заев ја користи секоја прилика да го изигра законот и овозможи енормно богатење за сметка на незаконското постапување. Го повикувам Зоран Заев јавно да си поднесе оставка. Зоран Заев е до гуша во криминал, заклучи тој.
Пратеникот Пишев уште еднаш јавно ги повика институциите да влезат и да го расветлат овој криминал.Ова денес го изјави на прес конференција Васил Пишев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој изјави дека 645 метри квадратни на луксузен хотелски комп

Пронајдете не на следниве мрежи: