Прочитајте го ова писмо, кое е наменето за развод. Иницијатор била сопругата, што, мислите избрзала или го направила вистинскиот избор?!
Драги мажу, Ти го пишувам ова писмо да ти кажам дека те оставам за секогаш. Седум години ти бев добра жена, а што добив за возврат?
Овие последни две недели се прав пекол, твојот шеф ми се јави и ми кажа дека си ја напуштил работата, и тоа за мене беше последна капка што ја преполни чашата.Минатата недела кога си дојде од работа не ни забележа дека бев на фризер и на маникир, дека го спремав твоето омилено јадење и дека го носев новото неглиже. Ти си дојде од работа и после утакмицата си легна. Веќе не ми кажуваш дека ме сакаш и не ме прегнуваш, или ме изневеруваш или не ме сакаш, ама што и да е во прашање јас си одам.
П.С. Немој да се трудиш да ме бараш, твјот брат и јас се селиме во Западна Вирџинија.
Со среќа твојата бивша жена.
ОдговорДрага бивша жено,Ништо толку не ме израдува како твоето писмо. Вистина е дака јас и ти бевме во брак седум години, но ти не беше ни близу до добра жена. Јас гледав спорт, за да не ги слушам твоите стални приговарања, штета што тоа не помагаше. Приметив дека минатата недела си била на фризер и дека си се пострижила ама прво што ми падна на памет беше дека сега личиш на машко. Мојата мајка стално ме учеше дека ако немам нешто убаво да кажам подобро е да молчам. Кога си го спремала моето омилено јадење мора да си мислела на брат ми затоа што јас не јадам свинско од пред седум години. Отидов да спијам иако ти на себе имаше неглиже само за тоа што на него уште стоеше цената. Го молев Господ дека е само случајно тоа што брат ми тоа утро ми побара 50 долари на заем а цената која беше на неглижето беше 49.99. И покрај се јас сеуште те сакав и мислев дека ние можиме да бидеме заедно. Затоа кога добив на лото 10 милиони долари дадов отказ на работа и купив две карти за Јамајка. Ама кога си дојдов дома ти веќе беше замината. Се надевам дека ова се се случи со причина. Се надевам дека имаш исполнет живот каков и што посакуваше.Мојот адвокат ми рече дека заради твоето писмо не ќе мора да ти дадам ни скршена пара. Води грижа за себе.П.С. не знам дали сум ти кажал ама мојот брат Карл, се роди како Карла. Се надевам дека тоа нема да ти претставува никаков проблем.Во потпис,Пребогат и слободенПрочитајте го ова писмо, кое е наменето за развод. Иницијатор била сопругата, што, мислите избрзала или го направила в