Писториус се расплакал во судницата

Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус, шесткратен параолимписки победник, во петок се појави на првото сослушување во Кривичниот суд во Преторија, поради сомневање дека ја убил својата девојка со неколку истрели од пиштол.Познатиот спринтер во преполната судница и официјално е обвинет за убиство, а како што пренесуваат светските медиуми, додека му било читано обвинението прснал во плач.Иако медиумите вчера пишуваа дека Писториус случајно ја убил Рива Стенкамп (30) мислејќи дека се работи за провалник, додека таа сакала да гo изненади за Денот на вљубените, денеска се појавија наводи дека таа била застрелана додека била под туш.Неговата одбрана инсистира да се отстранат сите камери од судницата и да се забрани во иднина директен пренос од судењето.Полицијата официјално соопшти дека и претходно имало инциденти во куќата на националниот херој и дека имало пријави во полицијата поради работи од „семејна природа“.„Се однесуваме кон него како кон било кој друг. Тие ќе бара кауција, ние ќе се спротивставивме, а како аргумент ќе наведеме дека сем разговарале со соседите кои слушнале нешто и претходно за време на вечерта“, рече портпаролката на полицијата.
МакфаксЈужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус, шесткратен параолимписки победник, во петок се појави на првото сос

Пронајдете не на следниве мрежи: