ПИТА СО МЕСО: Најдобра која ќе ја пробате, со ГАРАНЦИЈА!

Loading...

ПИТА СО МЕСО: Најдобра која ќе ја пробате, со ГАРАНЦИЈА!Потребни состојки:
800 гр тенки кори пита
500 гр мелено месо (може говедско месо, може свинско месо, мешавина…по ваш избор)
750 гр праз
4 јајца
1 кисела павлака
200 мл масло
400 мл вода
1 прашок за пециво
Подготовка:
1. Празот исечкајте го и издинстајте го на малку масло, а потоа додадете мелено месо. Ако месото остане малку покрупно изгмечете го со вилушка и така скрос да се иситни, Филот посолете го по желба, додадете бибер а може и веѓета.
2. Кога филот ќе се излади се редат корите. Секоја кора се прска со масло и вода во која сте разматиле прашок за пециво, а филот од месо оди на секоја четврта кора. Кога ќе го потрошите целиот фил, одозгора ставете 4 кори. Во зависност од бројот на корите, можете да ставате и фил, после секоја 3-та кора, но важно е на почетокот и крајот да има по 4 кори.
3. Кога ќе ја наредите питата исечете ја на коцкички, а потоа прелијте со смеса од 4 јајца и една павлака. Истурајте полека, точно над местата каде сте ја засекле питата, а потоа со ножот повторно поминете помеѓу корите за смесата убаво да се впие во питата.
4. Може да ја направите и одвечер, па да ја оставите во фрижидер и утредента наутро да ја испечете, или ако навечер имате гости може да ја спремите наутро, па да стои до пред печење. Така сите состојки убаво ќе се впијат и питата ќе биде убава и сочна.
Доколку некој не сака праз, може да се прави и со 500 гр кромид.
Добар апетит!
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети, здрави напитоци, животни искуства и сл. можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК, како и на фан страната на Фејсбук.Потребни состојки:
800 гр тенки кори пита
500 гр мелено месо (може говедско месо, може свинско месо, мешавина…по ваш избор)

loading...