Пјонгјанг се заканува со мерка посилна од нуклеарна проба

Северна Кореја се закани во вторникот со поостри мерки отколку што е најавената трета нуклеарна проба како одговор на „непријателските“ санкции кои и’ се наметнати по лансирањето на ракетата во декември.
„Северна Кореја донесе конечен заклучок дека ќе мора да преземе мерка посилна од нуклеарната проба за да излезе на крај со потезите на непријателските сили.., во војната кои се појасни од кога и да е“, јави севернокорејската државна новинска агенција KCNA.Северна Кореја не соопшти каков вид акција би можела да преземе. Пјонгјанг, според оцените на стручњаците, има можност да изврши воен напад врз САД, меѓутоа Јужна Кореја е во дострелот на нејзината артилерија и ракетни системи, а со своите ракети може да погоди и цели во Јапонија.Пјонгјанг честопати користи остра реторика во однос Јужна Кореја и САД, а во 2010 година беше обвинета за потопување на јужнокорејскиот воен брод. Исто така, севернокорејските сили гранатираа јужнокорејски остров истата година, при што имаше и цивилни жртви.
 
МакфаксСеверна Кореја се закани во вторникот со поостри мерки отколку што е најавената трета нуклеарна проба како одговор на „непријателските&

Пронајдете не на следниве мрежи: