Плескавици од зеленчук

Потребни состојки:
500 г компири
сол
маслиново  масло
3 стапчиња магдонос
3 стапчиња копар
8 лажици брашно
2 јајца
1 пиперка
2 моркови
1 тиквичкa


Начин на подготовка:
Излупете и рендајте ги компирите, морковот и тиквички. Ставете ги во голем сад.Исчистете и исечете ја пиперката, копарот и магдоносот и додадете ги кон останатиот зеленчук.Кршете ги јајцата едно по едно и помешајте ги заедно со брашното и додајте малку сол. Додадете го зеленчук во мешавината и добро промешајте.Во тава ставаме малку маслиново масло и загрејте го убаво. Ставете по 1 лажица од смесата и убаво оформете ги како плескавици.Пржете ги со наизменично превртување од двете страни околу 4-5 минути. На крај ставете ги врз кујнска хартија за да се исцедат од маслото.Сервирајте со кисело млеко (по желба).
Повеќе рецепти можете да најдете на najadise.mkПотребни состојки:
500 г компири

Пронајдете не на следниве мрежи: