Побарала да ја ДАВИ СО КАБЕЛ за време на секс и ја убил!

Девојка, која инаку е психолог по професија, сакала, како што тврди нејзиниот дечко, погруб секс па затоа барала да ја дави за време на чинот.Руиз Торез (32), кој е новинар, изјавил дека девојката ја загушил со кабел, а тој бил уапсен после убиството за нанесување фатални повреди на Тања (23), според извештаите на медиумите од Мексико.
Делото се случило во Мексико Сити, а Торез во полиција изјавил дека девојката од него барала за време на сексот да ја дави и мава. Исто така кажал дека во станот живеле тие двајца и нивниот цимер Луис Мартинез.
Цимерите, всушност, една ноќ почнале да пијат, а во еден момент Тања предложила „тројка“. Но, откако Мартинез одбил, девојката наводно побарала груб секс од Торез.

За време на чинот, побарала да ја стисне за вратот и да ѝ мава шлаканици, бидејќи сакала груб секс.
„Најдов кабел покрај креветот и случајно ја задавив“ – изјавил Торез.
Лекарите кажале дека причина за смртта е давење и дека на девојката ѝ е скршена вратната коска.
Според извештаите на локалните медиуми, Торез прво тврдел дека е невин, но подоцна сам дошол во полиција и го пријавил инцидентот.
Истрагата за убиството сѐ уште е во тек.Руиз Торез (32), кој е новинар, изјавил дека девојката ја загушил со кабел, а тој бил уапсен после убиството за нанесување фатални повреди на Тања

Пронајдете не на следниве мрежи: