Почина највисокиот човек на светот

Највисокиот човек на светот, 44- годишниот Леонид Стадник почина од излив на крв во мозокот. Беше висок скоро 2,60 метри поради туморната жлезда која продолжила да лачи хормони за раст во текот на целиот негов живот. Гинисовата книга на рекорди во 2007 година го прогласи Стадник за највисокиот човек на светот, кога беше висок 2,56 метри, но поради тоа што тој одби да биде измерен од членови на оваа организација, титулата му припадна на кинезот Бао Шишун, висок “само” 2,36 метри.Одлуката да не им дозволи да го измерат, ја објасни со желбата “да го остават на мир.”

Како што пренесува АФП, Стадник живеел повлечено во мајчината куќа во селото Подољанци, на северот од земјата. Со тек на време му било се потешко да се движи, па бил принуден поради нарушено здравје да ја напушти работата како ветеринар.
Стадник поврмеено добиваше помош од други. За подарок доби компјутер, со специјално дизајниран маус и тастатура, а во 2008 година од тогашниот претседател Виктор Јануковиќ за подарок доби автомобил, специјално адаптиран за неговата висина.  Гинисовата книга на рекорди во 2007 година го прогласи Стадник за највисокиот човек на светот, кога беше висок 2,56 метри, но поради тоа што тој од

Пронајдете не на следниве мрежи: