Штотуку го родила долгоочекуваниот син, а потоа само неколку часа по породувањето починала во болница.Британката Лиса Паркисон, која денес би имала 36 години, била најсреќна по породувањето на својот син Зак, пишува Mirror. За жал, нејзината среќа траела само неколку часа, бидејќи починала брзо по породувањето во болницата во Олдхам.
Сега нејзиното семејство бара одговори – што се случило, зошто починала? Лиса била примена во болницата во сабота вечрта и наместо планираното породување во вода, морала да оди на царски рез. Зак бил роден околу 2:30 ноќта. Момчето било однесено на набљудување додека Лиса се опоравува.
Наскоро нејзиниот татко Роберт Паркисон добил повик од болницата да го известат дека се работи за итен медицински случај. Семејството брзо стигнало во болницата мислејќи дека Лиса е на операција.
„Беше во кревет. Имаше крв насекаде. Беше грозно. Рекоа дека во утрото во 8:30 дошла да ја види медицинска сестра и приметила дека нешто не е во ред. Пробале да ја оживеат, но не можеле“, раскажала нејзината сестра Ели.
Додека малото момче сеуште е во болница, семејството припрема погреб за неговата мајка. Во болницата велат дека причината за смрт за сега не е позната, и дека истрагата за овој случај сеуште е во тек.
„Лиса секогаш велеше дека не сака деца, дека ја сака својата работа, сака да патува и да се забавува. Кога забременила, сите бевме изненадени. Но таа не можеше да дочека да го роди, правеше секакви планови за иднината со синот, но за жал ништо од тие сонови нема да се оствари, рекла нејзината сестра. Британката Лиса Паркисон, која денес би имала 36 години, била најсреќна по породувањето на својот син Зак, пишува Mirror. За жал, нејзината среќа т