Почнува судењето на напаѓачите на Зијадин Села

Во Кривичниот суд денеска треба да почне судењето на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.Во овој случај обвинети се 10 лица: Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.
Судскиот процес ќе го води судијата Славица Андреевска. Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, беше беше тешко повреден при упадот и насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.
За настаните во Собранието веќе се изречени судски пресуди за два предмета. Во првиот, девет лица учесници во насилства добија условни казни, а во вториот случај Панче Ангелов, напаѓачот на Радмила Шекеринска доби казна затвор од четири години.
Во тек е истражна постапка и за предметот што го отвори Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за што се осомничени 36 лица.Во овој случај обвинети се 10 лица: Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта

Пронајдете не на следниве мрежи: