Подгответе домашен пудинг

Чоколаден пудинг, кој ќе ве освои со првата лажичка. Уште послатко е кога сами ќе го подготвите…Потребни состојки:
2/3 шолја шеќер
1/3 чаша пченкарен скроб
¼ лажичка сол
2,5 чаши млеко со повисок процент на масти 
 4 жолчки од јајце
2 лажици путер
1 лажичка екстракт од ванила
1 чоколадо со повисок процент на какао
Подготовка:  1. Во мал сад измешајте го шеќерот, какаото, скробот и солта, додадете млеко и полека мешајте, се додека не добиете смеса без грутки. Додајте ги жолчките.  2. Ставете го садот на оган и константно мешајте околу 8 минути, односно додека не се појават првите меурчиња од варењето. Тргнете го садот од огинот, намалете на минимум и вратете го садот уште неколку минути и повторно мешајте.  3. Тргнете го садот од огинот и смесата поминете ја низ сито и веднаш прелијте во сад за миксање.  4. Во садот додадете го и путерот, екстрактот од ванила и парчињата чоколадо и мешајте додека не добиете формиран кремаст пудинг.  5. Истурете го пудингот во чаши и оставете да се олади барем 3 часа, а најдобро е да го оставите и да се лади преку ноќ. Кога ќе се олади послужете го со малку изрендано чоколадо и уживајте во овој прекрасен чоколаден десерт.Потребни состојки:
2/3 шолја шеќер
1/3 чаша пченкарен скроб
¼ лажичка сол
2,5 чаши млеко со

Пронајдете не на следниве мрежи: