Подгответе ЕДНОСТАВЕН И БРЗ колач кој се топи во устата!

Доколку сакате да подготвите брз десерт кој нема да ви одземе многу време при подготовката, а истовремено сакате да биде вкусен и да не е многу скап, тогаш овој колач е вистинското решение за тоа.За подготовка на колачот ќе ви биде потребно:
1 чаша (200 ml) млеко
1 чаша шеќер
1 чаша зејтин
4 супени лажици какао
Сите состојки убаво да се изматат со миксер и смесата да се подели на два дела.
Во едниот дел додадете:
2 јајца
1 чаша брашно
1 ќесичка прашок за пециво
Ванилин шеќер (по вкус)
Изматете со миксер.
Земете една тепсија и намачкајте ја со масло (или ставете хартија за печење) и ставете ја смесата во која додадовте брашно и јајца. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 20-25 минути.
Проверете со чепкалка дали колачот е готов: ако чепкалката е сува, колачот е печен.
Извадете го печениот колач од рерната и прелијте го со првиот дел од смесата.
Оставете го да отстои час-два и исечете го на парчиња. Оставете повторно малку да отстои.
На крај ќе добиете вкусен и мек колач, кој просто се топи во устата.
Уживајте!
*За повеќе рецепти и совети за храната посетете го NAJADISE.MKЗа подготовка на колачот ќе ви биде потребно:
1 чаша (200 ml) млеко
1 чаша шеќер
1 чаша зејтин
4 с

Пронајдете не на следниве мрежи: