Подгответе ледени коцки со гриз

Подгответе превкусни ледени коцки со гриз!
 Состојки:
Кора
– 5 јајца
– 2 белки
– 5 лажици млака вода
– 5 лажици мелени ореви
– 7 лажици брашно
– 3 лажици како
– 1 пециво
Фил
– 500 мл млеко
– 200 г гриз
– 250 г шеќер во прав
– 250 г маргарин
– 2 жолчки
Глазура
– 150 г чоколадо
– 2 лажици масло
– 1 лажица шеќер
– 4 лажици млеко

Подготовка:
Кора Јајцата и шеќерот се матат со миксер. Се додава водата и убаво се измешува. Се исклучува миксерот и настрана се мешаат брашното, мелените ореви какаото и прашакот за печиво. Оваа мешавина се додава во садот за матење и се меша со лажица.Откако убаво ќе се измеша се пече на 200 степени 25 минути. Фил Млекото се загрева на оган и во него се додава гризот. Се меша додека не се згусне. Се трга од оган да се излади.. Откако ќе се излади во длабок сад се мати маргаринот, шеќерот во прав и 2те жолчки и се додава изладениот гриз. Испечената и изладена кора се премачкува со филот а одозгора се става глазура од црно чоколадо. За глазурата во сад на тивок оган се загрева чоколадото заедно со маслото, шеќерот и млекото. Откако убаво ќе се растопи се полева врз филот и се остава да се стегне. Колачот се става во фрижидер и се служи ладен.Состојки:
Кора
– 5 јајца
– 2 белки
– 5 лажици млака вода
– 5 лажици мелен

Пронајдете не на следниве мрежи: