ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СПЕКТАКЛ: Еве што ќе се случи вечерва!

Вечерта помеѓу 12. и 13. август, ќе се случи вселенскиот годишен феномен за кој астронаутите истакнуваат дека ќе биде посебен.Во моментот кога овој „вселенски огномет“ ќе го достигне врвот, којшто ќе биде видлив ширум светот, небото ќе го исполнат и до 100 ѕвезди што паѓаат на час.
Среќна околност за љубителите на ваквите појави е што и Месечината ќе биде во нова, односно најтемна фаза, па со својот отсјај нема го наруши набљудувањето.
„Ова ќе биде вистински спектакл. Ќе бидеме во можност да видиме многу повеќе од обично“ – изјавил астрономот Морган Холис, од британското Кралско астрономско друштво.
Метеорскиот дожд, кој редовно го заплиснува небото помеѓу 23. јули и 20. август, потекнува од опашот на кометата Свифт Татл која прави круг околу Сончевиот систем за 130 години, оставајќи зад себе облак со метеориди.
Додека Земјата кружи околу Сонцето, овие „зрнца“ продираат во атмосферата со брзина од околу 60 km/s и согоруваат во неа.
Персеидите се познати и под називот „Солзи на св. Лоренцо“, бидејќи паѓаат во време кога се одбележува денот на овој ирски католички светец.Во моментот кога овој „вселенски огномет“ ќе го достигне врвот, којшто ќе биде видлив ширум светот, небото ќе го исполнат и до 100 ѕвез

Пронајдете не на следниве мрежи: