Mille Crêpes е француска торта која се состои од повеќе слоеви на палачинки и крем. Со тортата одлично оди и крем од малини, кој може да се направи од свежи, но и од смрзнати малини.Доколку сте вешти во правењето палачинки, за миг ќе го направите овој вкусен десерт.
Потребни состојки:
За палачинките:
-400 грама брашно
-4 јајца
-малку сол
-6,5 децилитри минерална вода
-5,5 децилитри млеко
-1 ванилин шеќер
-кора од лимон
За кремот:
-4 децилитри крем за шлаг
-1 кремфикс
-50 грама шеќер во прав
-300 грама крем сирење
-200 грама еурокрем
За сосот:
-350 грама малини
-50 грама шеќер
-Сок од пола исцеден лимон
-малини за декорирање
Подготовка:
1. Со миксер изматете ја смесата за палачинки. Притоа, внимавајте смесата да биде еднолична. Палачинките се подготвуваат на малку путер. Направените палачинки се оставаат да се оладат.
2. Се прави шлагот, а на крај му се додава кремфиксот и пола од шеќерот за да биде поцврст. Во друг сад со миксер се мати крем сирењето, другата половина од шеќерот и еурокремот. Така подготвената смеса се меша со шлагот.
3. Палачинките се сложуваат по ред и помеѓу секоја палачинка се става тенок слој од кремот сѐ додека не се истроши. Внимавајте да сочувате дел од кремот и за горниот слој. Направената торта оставете ја во фрижидер да отстои преку ноќ (или десетина часа) за да се стврдне. Доколку сакате слоевите да бидат рамномерно распоредени, ставете нешто малку потешко врз тортата.
4. Откако тортата ќе отстои во фрижидерот, во друг сад ставете ги малините, шеќерот и сокот од лимон. Сварете колку да се распаднат малините и исцедете ги низ сито. Украсете ја тортата со сочуваниот крем и малините, па сервирајте со сосот.
Уживајте во јадењето!
Фото: Јелена Маркота Доколку сте вешти во правењето палачинки, за миг ќе го направите овој вкусен десерт.
Потребни состојки:
За