Подгответе вкусна бајадера торта. БЕЗ ПЕЧЕЊЕ!

Бајадера тортата е вкусен десерт кој веруваме дека ќе им се допадне на вашите најмили. Во прилог, погледнете што сѐ ви е потребно за нејзина подготвка.Состојки:
Прв слој
300 g плазма кекс
1 dl сок од портокал
125 g путер
125 g шеќер
Втор слој
300 g мелени ореви
филџан млеко
125 g путер
125 g шеќер во прав
Трет слој
2 пудинга од ванила
пола литар млеко
200 g шеќер
Четврт слој
500 ml слатка павлака

Подготовка:
Прв слој: Соединете ги сите состојки и ставете ги во калап за торта.
Втор слој: Попарете ги оревите со филџан врело млеко, додадете ги путерот и шеќерот. Добро измешајте ја смесата и ставете ја преку првиот слој.
Трет слој: Сварете ги двата пудинга од ванила во млекото и додадете го шеќерот. Оставете смесата да се излади и додадете го путерот. Смесата распоредете ја врз вториот слој.
Четврт слој: Направете шлаг и завршете ја тортата со овој слој.
Пријатно јадење!Состојки:
Прв слој
300 g плазма кекс
1 dl сок од портокал
125 g путер
125

Пронајдете не на следниве мрежи: