Подгответе вкусна и сочна ЧОКО-НЕС ТОРТА!

Доколку ви недостасуваат идеи за подготвување на сладок десерт со кој ќе ги изненадите луѓето, тогаш ви препорачуваме да ја подготвите оваа вкусна и сочна чоко-нес торта.Потребни состојки:
5 јајца
4 лажици шеќер
2 белки
3 лажици брашно
1 лажица какао
1 прашок за пециво
6 лажици мелени ореви
2 лажици млеко
5 лажици рум
За крем:
700 мл млеко
2 прашоци пудинг од ванила
120 грама шеќер
2 жолчки
3 лажички инстант кафе
150 грама путер
За чоколаден прелив:
200 грама темно чоколадо
400 мл слатка павлака

Подготовка:
1. Пенесто да се заматат трите жолчки со 3 лажици шеќер. Во садот додадете брашно и какао, прашок за пециво и мелени ореви. Сето тоа помешајте го со жолчките.
Изматете ги белките (3+2) со една лажица шеќер, со тоа што ќе оформите цврста смеса и полека соединете ја со претходната смеса.
2. Ставете ја смеата во калап од 22 cm, кој претходно ќе го обложите со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути.
Оставете ја испечената кора да се олади малку, потоа отстранете ја хартијата за печење и поставете ја на чинија за послужување. Околу кората ставете ги рабовите од калапот за торти и испрскајте ја кората со мешавина направена од 2 лажици млеко и 5 лажици рум.
Крем:
3. Во 500 мл млеко додадете шеќер и ставете на рингла да зоврие.
4. Во преостанатите 200 мл ладно млеко, додадете прашок за пудинг, жолчки и сѐ заедно добро измешајте.
5. Во жешкото млеко додадете инстант кафе, а потоа и изматениот пудинг со жолчки и интензивно мешајте сѐ додека не се изедначи кремот. Мешајте на средна температура.
Готовиот крем тргнете го од ринглата, прекријте ја површината на кремот со проѕирна фолија и оставете да се олади.
6. Изматете го путерот додека не стане пенест, па во неколку наврати додадете му го млакиот крем и потоа добро изматете ја смесата со миксер. Кремот потоа прелијте го преку кората и ставете во фрижидер да се олади.
Чоколадниот прелив е најдобро да се стави наредниот ден.
Чоколаден прелив:
Ситно исецкајте го чоколадото.  Потоа, сварете ја слатката павлака и прелијте ја преку чоколадото. Мешајте сѐ додека не се добие фина и глатка смеса. Прелијте преку филот и оставете 2-3 часа да се олади во фрижидер.Потребни состојки:
5 јајца
4 лажици шеќер
2 белки
3 лажици брашно
1 лажица какао
1

Пронајдете не на следниве мрежи: