Подгответе вкусна салата со пилешко!

Можете да ја послужите како прилог или пак како лесен оброк.Состојки:
450 гр пилешки гради
3 лажици мајонез
5 лажици грчки јогурт
малку кари зачин
2 главици црвен кромид, ситно исецкан
1 зелена тиквичка
1 јаболка
сол и бибер
Подготовка:
Во тенџере ставите литар вода и оставете да зоврие. Додадете ги пилешките гради и варете ги 20 минути. Вареното месо извадете го од водата и оладете го на собна температура а потоа оставете во ладилник добро да се олади, бидејќи салатата е најдобра со ладно пилешко. Изладеното пилешко исецкајте го на ситни парчиња.
Јаболкото исчистете го и исечете го на ситни коцкички. Кромидот исто така ситно исецкајте го. Тиквичката не ја лупете, само отстранете го мекиот внатрешен дел и исецкајте на коцкички. Месото и зеленчукот измешајте го со јогуртот и мајонезот. Зачинете и се добро измешајте и веднаш послужете. Наздравје.Состојки:
450 гр пилешки гради
3 лажици мајонез
5 лажици грчки јогурт
малку кари зачин
2 г

Пронајдете не на следниве мрежи: