Подобро освежување нема да најдете, а ни да пробате. Направете фантастичен мохито сладолед

Иако производителите ни нудат различни видови  сладоледи кои можеме веднш да ги купиме, ви предлагаме сами да направите еден чиј вкус посебно ќе ви се допадне.Состојки:
2 шолји (250 мл) слатка павлака
2 шолји полномасно млеко
½ шолја шеќер
5 жолчки
½ лажичка сируп од мента
1 супена лажица рендана кора од лимета
1 лажичка рум
Малку сол
Подготовка:
Доколку немате сируп од мента, направете го сами. Ќе ви биде потребно грст ливчиња нане и сок од  две лимети. Зовријте половина шолја вода со исто толку шеќер, сокот од лиметата и ливчињата мента. Кога шеќерот сосема ќе се стопи, тргнете го од оган и оставете да се олади убаво. Оставете го да отстои во ладилник неколку часа, потоа извадете го и промешајте.
Подгответе сад во кој ќе го ставите млекото и слатката павлака и сол. Ставете го на оган да зоврие. За тоа време, во посебен сад изматете ги жолчките со шеќерот.
Одвојте 1/3 од павлаката и млекото и додадете ја во жолчките  цело време мешајќи. Одадете уште малку, а потоа јајцата додадете ги во садот со остатокот од павлаката и млекото во тенок млаз, постојано мешајќи и внимавајќи да не се појават грутки.
Кога ќе поминете низ смесата со лажица и ќе остане трага, тогаш смесата е готова. Додадете го румот.
Земете голем сад и наполнете го со  мраз и вода и во него ставете го садот со подготвениот крем водејќи сметка да не влезе вода во него.
Потоа смесата префрлете ја во  модли и оставете во ладилник убаво да се стегне. По два часа додадете го сирупот од нане. Добро промешајте и вратете во замрзнувач. Наздравје.Состојки:
2 шолји (250 мл) слатка павлака
2 шолји полномасно млеко
½ шолја шеќер
5 жолчки

Пронајдете не на следниве мрежи: