Погледнете како Заев ги брои фантомските гласачи!

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев, деновиве продолжува да ја импресионира јавноста со математичките вештини.Веста дека постојат скоро половина милион фантомски гласачи коишто се наоѓаат на Избирачкиот список, ги става граѓаните во неизвесност дали воопшто е можно да се одржат избори на 5. јуни.
Огромна бројка на спорни избирачи е последната капка со која млазот од чешмата на манипулации на СДСМ се цеди со обид да се дојде до наредната математичка формула со која ќе се открие Теоријата на спинската равенка на Заев.
Од преголемата застапеност на фантоми во нашата нѝ мила Македонија, постојат неофицијални информации дека врвни холивудски режисерски имиња наскоро би можеле да дојдат да снимаат хорор филмови поради „паранормалноста“ и „духовите“ кои според феноменалната формула на Заев се појавуваат само пред избори.
Вистински рецепт за урбана легенда!
Во меѓувреме, за жал, еврото за Вицето е сѐ само не фантомска снимка, отказите и оставените стечајци на улица се дел од не толку фантомското владеење на СДСМ, а истоимената партија со буткањето од зад грб планира да ги надмине и популарните „Истерувачи на духови“ за поголема помпезност и популарност во регионални и светски рамки.
Се прашувате како Заев брои фантомски гласачи?
Одговорот е лесен: како што се бројат овци пред спиење, креаторите на лажните фантоми гласачите ги бројат како стока. Се сеќавате, нели?
„Ве качуваат во комбиња како стока“ – Стево Пендаровски.
Во продолжение може да уживате во математичката пресметка на Зоран Заев.
НАПОМЕНА: Не е препорачливо за фантомите на кои им е смачено да бидат „невидливи“ од чадорот на Заев!
 

КАКО ЗАЕВ БРОИ ФАНТОМСКИ ГЛАСАЧИ?
Posted by Шетај Бранко on Tuesday, March 22, 2016

Веста дека постојат скоро половина милион фантомски гласачи коишто се наоѓаат на Избирачкиот список, ги става граѓаните во неизвесност дали воопшто

Пронајдете не на следниве мрежи: