За сите љубителки на чевлите Louboutin, еве една одлична вест – пристигна новата есенска колекција за 2017. година.Доколку сте страсни љубителки на овој бренд, секако нема да бидете разочарани! Колекцијата е веќе достапна во продавниците на Neiman Marcus, а во понудата можеме да забележиме секси чизми, салонки, сандали, кратки чизми итн.
Судејќи според изгледот на новата колекција, ова е дефинитивно година на тантелата. Чевлите се украсени со шик ременчиња и кристали, а секоја жена што носи чевли со препознатливиот црвен ѓон, ќе се чувствува во нив вамп и секси.
Откријте кои се моделите кои на прв поглед нè воодушевија.
Christian Louboutin Twistissima Crisscross Red Sole Pump
Класичната силуета никогаш нема да излезе од мода. Салонката со вкрстено ременче наречена d’Orsay, ќе го направи стопалото на секоја жена заводливо. Цената на овој модел е 895 долари.
Christian Louboutin Acide Lace Tulle Red Sole Pump
Бидете сигурни дека во овие чевли сите ќе Ве забележат. Овие елегантни салонки со отворена пета и ремен околу глуждот, ќе го направат Вашиот од сензуален. Цената на овие чевли е 995 долари.
Christian Louboutin Feerica Crystal-Embellished Red Sole Pump
Додадете малку сјај во својот живот со овој модел, кој е украсен со светкави кристали. Цената на овие високи салонки изнесува 1.495 долари.
Доколку сте страсни љубителки на овој бренд, секако нема да бидете разочарани! Колекцијата е веќе достапна во продавниците на Neiman Marcus, а во п