Поховани палачинки!

Вкусно и едноставноЗа палачинки:
200г брашно
2 јајца
2 лажици масло
200мл млеко
200мл кисела вода
Малку сол и шеќер
Фил:
2 јајца
Брашно по потреба
презла по потреба
1 чаша кисела павлака
100гр рендана шунка
100гр рендан кашкавал
50мл кечап

Подготовка:
Изматете ги јајцата со миксер. Додадете го млекото брашното, сол и шеќер. Изматете со миксер да нема грутки. Додадете ги водата и маслото и промешајте со црпалка за да се изедначи смесата. Оставете сместата да отстои 30 минути. Потоа испечете палачинки. Кога малку ќе се оладат, палачинките премачкајте ги со павлака, потоа посипете со рендан кашкавал и шунка и на крај ставете малку кечап. Превиткајте ги бочните страни од палачинката, а пота свиткајте ја. Потоа секоја палачика прво извалкајте ја во брашно, потоа во изматени јајца, па во презла. Пржете ги во загреано масло да поруменат од сите страни и извадете ги на хартиена салфета да се впие вишокот маснотија. Наздравје.За палачинки:
200г брашно
2 јајца
2 лажици масло
200мл млеко
200мл кисела вода
Мал

Пронајдете не на следниве мрежи: