Показатели кои укажуваат дека не сте спремни за врска

Една неуспешна врска може лесно да се преброди, две исто така, но веќе три врски се знак дека можеби не е проблемот само во мажите кои ги бирате, туку и во вас.Оставете го притисокот од вашите блиски на страна, доколку се препознавате во овие работи, многу е подобро некое време да останете сами. 
Вашите последни три врски се неуспешни
Една неуспешна врска може лесно да се преброди, две исто така, но веќе три врски се знак дека можеби не е проблемот само во мажите кои ги бирате, туку и во вас.
Сметате дека врската ќе ги реши сите проблеми
Факт е дека некои работи е лесно да ги поднесете кога имате некој покрај себе, но тоа не значи дека врската инстантно ќе ги реши сите ваши проблеми. Врската мора да биде шлаг на тортата, а ваша задача е веќе да имате доволно добра торта.
Сакате да го “спасите” партнерот
Синдромот на “жени-спасувачи” не е ретка појава, но исто така таквата врска ретко успева. Не барајте некој кого ќе го “спасите” и направите подобра личност, туку пронајдете некој со кој постојано ќе се надополнувате.
Барате некој кој ќе ја пополни празнината
Уште една работа која треба да ја направите сами – не е фер да очекувате од некој да ве направи подобри, барем не додека не пробате да го направите тоа сами.
Сакате да го заборавите поранешниот партнер
Новата врска може да ви помогне да заборавите на старата, но тоа е ретко добра идеја. Старите проблеми можете да ги заборавите на кратко, но кога истите ќе се вратат, ќе патите и вие и вашата нова врска.
 Оставете го притисокот од вашите блиски на страна, доколку се препознавате во овие работи, многу е подобро некое време да останете сами. 

Пронајдете не на следниве мрежи: