Полицијата подигна обвинение за убиство за олимпиецот Писториус

Јужноафриканската полиција го обвини за убиство извршено во неговата куќа, параолимпискиот шампион, спортистот со двете ампутирано нозе Оскар Писториус, јавува Reuters.Несреќата се случи рано изутрината во четвртокот во домот на Оскар Писториус во Преторија. Како што пишуваат локалните медиуми, девојка на Писториус, моделот Рева Стенкамп, сакала да му приреди на саканиот изненадување за Денот на вљубените. Тој, пак, сметал дека станува збор за провалник и ја застрелал неколкупати.Според Associated Press, откако претходно официјално не го соопшти идентитетот на инволвираните во несреќата, полицијата објавила дека е подигнато обвинение против Оскар Писториус. Претходно таткото на спортистот за локалните медиуми потврди дека неговиот син е во полицијата. Официјални претставници на правосудните органи изјавиле дека во случајот „има едно осомничено лице“ коешто „е обвинето за убиство“.Локалните медиуми објавија дека Писториус бил забележан како излегува од полициска станица во Преторија. Главата му била прекриена со јакна и многу брзо го ставиле во автомобил. Автомобилот се оддалечил во непознат правец. Подоцна, новинарите го сочекале пред зградата на полицијата и адвокатот на спортистот, Кени Олдваге.
МакфаксЈужноафриканската полиција го обвини за убиство извршено во неговата куќа, параолимпискиот шампион, спортистот с

Пронајдете не на следниве мрежи: