Помешајте МАЈОНЕЗ со овие намирници и ќе се воодушевите!

Мајонезот е еден од најпопуларните додатоци во исхраната и често се наоѓа во сендвичите или како основа за прелив или сос. Доколку сакате на обичен мајонез да го му го подобрите вкусот и да му дадете посебна арома на јадењето, можете да му додадете различни намирници. Зачинските билки како што се магдонос, босилек или копар, ќе му дадат на мајонезот посебна нота на свежина.
Лукот мајонезот, како и  секое друго јадење ќе го направи повкусен и пикантен, а ваквиот прилог е одличен додаток за јадења со месо.
Маслинките му даваат на мајонезот медитеранска нота, па одлично ќе оди со компир. Можете да го направите и со малку маслиново масло.
Пармезан во мајонез одлично оди со варен зеленчук.
Кората од лимон му дава на мајонезот овошна и освежувачка нота, која одлично се согласува со благи јадења од риба, ракчиња или едноставно со салата од краставица.
Чилито ќе му даде лутина на мајонезот, што ќе им се допадне на гурманите. Лутиот мајонез одлично оди со сите видови на месо. Одличен е и за салати со риба од туна или сардина.
Домат – свеж сецкан или како пире може да го додадете во мајонез, а тој ќе му даде убава црвена боја. Исто така можете да додадете малку ајвар или лутеница. Доколку сакате на обичен мајонез да го му го подобрите вкусот и да му дадете посебна арома на јадењето, можете да му додадете различни намирници. З

Пронајдете не на следниве мрежи: