Поплавената џамија во Маглај на Фејсбук – „Добрата страна на поплавите“

Болка и тага – подобро речено срамота… Додека жителите на БиХ, Србија и Хрватска се борат за живот и додека им страдаат домовите, поедини луѓе се „насладуваат“ со тоа. Иако ова звучи неверојатно, еден корисник на Фејсбук, во сета оваа мака со поплавите, како што вели тој најде „нешто добро“.
До сега поради единството на сите луѓе, не земајќи ја во предвид верата и  нацијата во овие црни денови во регионот, кога поплавите на многумина им го однесоа покривод над главата, видовме и многу убави примери за пофалба.
Но за жал, национализмот се уште постои и не е во целост згаснат помеѓу жителите во БиХ. Тоа го покажува и едно младо момче кој на Фејсбук постави фотографија од поплавената џамија во Маглај со коментар: „Добрата страна на поплавата“.
Неговата објава наиде на осудување од многумина.  Додека жителите на БиХ, Србија и Хрватска се борат за живот и додека им страдаат домовите, поедини луѓе се „насладуваат“ со тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: