Во случајот на поранешниот астронаут на НАСА, Едгар Мичел, се појавува теорија на заговор која им ја заскокотка фантазијата на уфолозите. Откако се врати од мисијата на Аполо 14 на Месечината во 1971 година, Мичел во јавноста објави неколку бизарни теории на заговор кои се однесуваат на тоа дека вонземјаните ја посетиле Земјата.Едгар Мичел тврди дека на војниците им се случувало да забележат чудни летала над американските воени бази и објекти во Ново Мексико, кое означуваше место на првата детонација на атомска бомба во 1945 година.
„Сакаа повеќе да дознаат за нашите воени способности. Според моето искуство кога зборував со луѓето, ми беше јасно дека вонземјани се обидуваат да нè спречат да завојуваме и нѝ помагаат да воспоставиме мир на Земјата“ – изјавил Мичел за Mirror.
Мичел, кој пораснал во близина на Росвел во Ново Мексико, вели дека често слушал како различни воени офицери тврделе дека редовно гледале НЛО во периодот на Студената војна.
„Ми раскажуваа дека често гледаа како НЛО прелетува над нив и ги урива нивните проектили“ – раскажува тој.
„Ја имав честа да се запознаам со Едгар Мичел, но колку што знам, тој зборува од искуствата на другите луѓе, односно од тоа што другите му го имаат кажано. Со оглед на тоа дека универзумот е стар околу 14 милијарди години, ако навистина нè посетувале вонземјаните, мали се шансите дека станува збор за цивилизација која по развојот е само неколку стотици години пред нас. Сметам дека се неубедливи приказните за вонземјани кои соборуваат проектили“ – изјавил Ник Поуп, поранешен истражувач за НЛО од британското Министерство за одбрана.
„Поголеми се можностите дека тие се неколку милиони години пред нас и можат да направат сè што ќе посакаат“ – заклучил тој.Едгар Мичел тврди дека на војниците им се случувало да забележ