Поранешен шеф на Пентагон: Светот никогаш не бил волку блиску до нуклеарна војна

Поранешниот американски министер за одбрана Вилијам Пери, смета дека светот е на прагот на ново нуклеарно вооружување.Тој во интервју за виенскиот весник „Пресе“ изјави дека постојат две последици од најавите на Русија во врска со интерконтиненталните ракети и нуклеарното вооружување, а првата е дека САД ќе бидат принудени да ги следат. Втората последица, според него е доколку Русија развие ново оружје постои потреба повторно да се покренат нуклеарните тестови, на што САД исто така ќе реагираат.
Пери потсетува дека САД не ја ратификуваа спогодбата за забрана на нуклеани тестови, но исто така ниту тестирале нуклеарно оружје.
„Се движиме кон време во кое тоа би можело да се промени како на руска, така и на американска страна“ – смета поранешниот министер.
Говорејќи за програмата за модерницазација на нуклеарниот арсенал Пери истакна дека таа програма постои само на хартија и оти досега е малку применета, како и дека пари за тоа мора да бидат одобрени.
На прашањето за поводот на Русија за таквите најави тој изјави дека Москва е загрижена, бидејќи конвенционалните сили се слаби и нуклеарното вооружување треба да ја изедначи таа слабост.
„Доколку би дошло до некој конфликт тогаш би морале брзо да поминат на нуклеарно ниво. Тие појаснија дека повеќе не се заинтересирани за политиката на неупотреба на нуклеарното оружје и оти во случај на конфликт би употребила нуклеарно оружје“ – изјави Пери.Тој во интервју за виенскиот весник „Пресе“ изјави дека постојат две последици од најавите на Русија во врска со интерконтиненталните р

Пронајдете не на следниве мрежи: