Поранешен советник на Обама: Време е да го признаеме постоењето на вонземјаните

Виш службеник близок до претседателот на САД, изјави дека вистината за НЛО треба да биде откриена на американскиот народ, пренесоа светските агенции.За време на последниот ден од службата во Белата куќа, виш советник на Барак Обама, Џон Подеста, ги наброи најуспешните моменти и најголемите неуспеси во последната година.
Најважен податок меѓу нив е лишувањето на американскиот народ од вистината за НЛО. Долгогодишниот занес на 67-годишниот Подеста по НЛО е добро документиран и во единствено кратката политичка пауза, кога тој е шеф на администрацијата на претседателот Бил Клинтон, потсетува Yahoo News.
При заминувањето на администрацијата на Обама, Џон Подеста напиша на Twitter:
#thetruthisstilloutthere (вистината останува таму некаде), алудирајќи на серијата „Досиејата X“ и ја повика американската влада да ги објави сите документи за вонземјаните.

Во 2002 година, за време на прес-конференција организирана од Коалицијата за слобода на информациите, Подеста зборува за важноста на јавното обелоденување на откритијата за НЛО.
„Дојде време да се разбере дека вистината е некаде таму. Треба да го направиме тоа, навистина, бидејќи е точно. Треба да го направиме, искрено, бидејќи Американците можат да се справат со вистината. И треба да го направиме тоа, бидејќи е таков законот“ – вели тој.
Пред тоа, Џон Подеста напиша и книга: „НЛО доказите на генералите, пилотите и официјалните владини лица.“
По пораката на Подеста на Twitter, Washington Post потсети за разговорот на еден од репортерите на весникот со Подеста во 2007 година. Карен Тумулти го замолила да го коментира фактот дека библиотеката на Клинтон во Литл Рок, Арканзас, била бомбардирана со барања според Законот за слобода на информациите од барателите на електронска кореспонденција со термини како „Досиејата Х“ и „Зона 51“.
Одговорот на Подеста преку портпаролот бил: „Вистината е таму“ – слоган на телевизиската серија „Досиејата Х“.
Според американскиот печат, Подеста ќе се вклучи во кампањата за претседател на Хилари Клинтон. Тој беше и дел од тимот на претседателот Бил Клинтон во Белата куќа.За време на последниот ден од службата во Белата куќа, виш советник на Барак Обама, Џон Подеста, ги наброи најуспешните моменти и најголемите неусп

Пронајдете не на следниве мрежи: