После 12 години, Скопје не е накитен на 15 декември

На петнаесетина дена пред дочекот на Новата 2018 година нашиот главен град личи на град на духови, замаглен и темен без препознатливите новогодишни декорации.Додека Белград, Софија, Приштина и Тирана блеснаа во новогодишни бои пред повеќе од десет дена, на скоро пола месец до нова година нашиот главен град каска зад балканските метрополи.
Традиционално до сега, претходните градоначалници на Скопје декорирањето го започнуваа кон крајот на ноември, а раскитувањето траеше од 15 јануари до 18 јануари во новата година.
Годинава новиот градоначалник Петре Шилегов реши украсувањето да го почне подоцна, а од градот Скопје се правдаат дека сеуште е во тек тендерска процедура и рокови кои треба да се испочитуваат.
Граѓаните изминатите денови на социјалните мрежи коментираат и му забележуваат на градоначалникот Шилегов дека градот никогаш не доцнел толку многу со новогодишната декорација.
Инаку, тендерот за новогодишно украсување на градот е вреден 10.169.491 денари или нешто повеќе од 150 илјади евра. Освен декорација и украсување на градот компанијата има обврска и да изработи план за тоа какви украси ќе треба да се употребат и за локацијата на која ќе бидат поставени тиеДодека Белград, Софија, Приштина и Тирана блеснаа во новогодишни бои пред повеќе од десет дена, на скоро пола месец до нова година нашиот главен гр

Пронајдете не на следниве мрежи: