ПОСЛЕДНИ ЖЕЛБИ: 6 најчудни тестаменти на сите времиња – Од четвртиот „ќе ве полазат морници“

Во некои случаи тестаментите се користат и за испраќање пораки или средување недовршена работа – од гроб.Тестаментот е сериозна работа. По правило би требало да одредат како некој би сакал да го распореди имотот после смртта. Сепак во некои случаи се користат и за испраќање пораки или средување на недовршена работа – од гробот.
Ви пренесуваме некои од најчудните и најинтересните тестаменти и последни желби.
1. Оригинален „П.С. Те сакам“
Комичарот Џек Бени бил 50 години во брак со својата сопруга Мери Ливингстон. Во 1974-та година починал од рак, а неговата сопруга во 1983 година. После неговата смрт не можела никако да го заборави, а за тоа имала многу добра причина. После неговата смрт секој ден добивала по една роза. Бени во тестаментот изразил желба на неговата жена секој ден да и се доставуваат рози се додека е жива. Романтично или по малку морбидно, проценете сами.
2. Среќно куче
Во 2007 година едно куче наследило 12 милиони долари откако неговата сопственичка деловна жена Леона Хелмски починала. Скоро целиот имот го оставила на своето милениче иако имала наследници.
3. Несреќен сопруг
Некои мажи не би сакале нивните сопруги да се омажат повторно после нивната смрт, но не и Хајнрих Хајн. Тој својот имот и го оставил на сопругата , но по еден услов – повторно да се омажи бидејќи така би бил „барем еден човек кој жали поради неговата смрт“.

 
4. Мртовец кој зборува
Прочуениот илузионист и магионичар Хери Худини починал во 1926 година, но не пред да добие ветување од сопругата дека секоја година на годишнина од смртта ќе се обиде да го побара и да стапи во контакт со него. Подолго од деценија се обидувала, но без никаков успех. На крајот се откажала, но некои негови фанови ја продолжуваат традицијата до денес.
5. Трка со бебиња
Чарлс Милер, адвокат и бизнисмен од Торонто, имотот го оставил на жената која ќе има најмногу деца во рок од десет години после неговата смрт. Резултатот бил изедначен – 4 жени родиле по 9 деца.
6. Најевтиниот погреб
Славниот писател Ф. Скот Фитџерланд не си отиде гламурозно од овој свет. Првобитно во тестаментот напишал дека сака „пригоден“ погреб кој доликува на неговиот стил на живот. Меѓутоа пред самата смрт бил во долгови и го променил тестаментот, па навел дека го сака „најевтиниот“ погреб на светот.Тестаментот е сериозна работа. По правило би требало да одредат како некој би сакал да го распореди имотот после смртта. Сепак во некои случаи се к

Пронајдете не на следниве мрежи: