Посни сникерс штангли

Мала идеја за десерт во посните денови.Состојки:
250гр шеќер
350гр маргарин
200мл вода
210гр посно чоколадо
400гр посни бисквити
300гр несолени печени кикирики
1 лажица масло за јадење
Мед по желба
Подготовка
Загрејте ја водата заедно со шеќерот додека не зоврие, па додадете 250гр маргарин и 60гр чоколадо и мешајте додека смесата не се изедначи. Тргнете ја смесата од оган и додадтете ги ситно сецканите бисквити и исецканите кикирики. Тавчето премачкајте го со масло па додадете ја смесата, израмнете и оставете во ладилник да се стегне. Изладениот колач премачкајте го со мед. Преостанатата чоколада стопете ја со 100гр маргарин, прелијте го колачот и оставете да се стегне. Исечете на штангли и послужете.  Состојки:
250гр шеќер
350гр маргарин
200мл вода
210гр посно чоколадо
400гр посни бисквити

Пронајдете не на следниве мрежи: