Поставен еколошки билборд „city tree” во центарот на Скопје

Германската амбасада и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ денеска на Скопје му подарија еколошки билборд – комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза, заедно функционираат и придонесуваат за прочистување на амбиентниот воздух.На промоцијата на билбордот „City Tree”, кој  е поставен во центарот на градот, на улицата Никола Кљусев, во близина на хотелот „Мериот”, присуствуваше Секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски и амбасадорката на Германија во Република Македонија, Кристина Алтхаузер.
– Сакам да изразам благодарност до Германската амбасада и до „Еко-свест“ за оваа донација чија главна функција е да се подигне јавната свест и грижата за животната средина, да предупреди на опасностите од климатските промени и да потсети на важноста секој од нас да придонесе за почиста и поздрава околина. Градот Скопје е отворен и ги поддржува иновативните проекти во различни општествени сфери, а особено во областа на заштитата на животната средина. Се надевам дека овој еколошки билборд нема да биде единствен во нашиот град – рече денеска Секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски.
Амбасадорката на Германија во нашата земја, Кристина Алтхаузер нагласи дека климатските прашања ги надминуваат границите на државите.
– Прашањата поврзани со заштитата на животната средина се приоритет во Германија. Нашата влада многу посветено работи на овие теми, а поттикнува активности за заштита на средината и во странство. Ми претставува задоволство што реализацијата на овој проект е резултат на партнерство, на симбиоза, исто како што функционира и билбордот „City Tree“ од кој корист ќе имаат граѓаните на Скопје – изјави амбасадорката Алтхаузер.
Еколошкиот билборд, како што објасни Ана Чоловиќ Лешоска, од „Еко-свест“ претставува комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза со моќ да апсорбираат штетни честички од воздухот (NО2, CО2 и цврсти честички со големина од 10 и 2,5 микрометри). Билбордот има ефект на филтрирање воздух како 275 дрвја, годишно. City Tree е одржлива инсталација со систем за наводнување, зафаќање на дождовницата и соларен панел.
Ваков билборд вчера беше поставен и во Тетово.На промоцијата на билбордот „City Tree”, кој  е поставен во центарот на градот, на улицата Никола Кљусев, во близина на хотелот &b

Пронајдете не на следниве мрежи: