Една од најголемите мистерии за модерното човештво е онаа за тоа што се крие длабоко во Земјината кора. Токму затоа, научниците одлучија да ѕирнат уште подлабоко во длабочините и при своето истражување, открија нешто досега непознато.Имено, риба со бизарен изглед, досега непозната за науката, била снимена на длабочина од 8.145 метри под површината на океанот, со што претходниот рекорд бил надминат за речиси 500 метри.
Всушност, уште неколку нови видови на риби биле снимени со камера во рамките на истражувањето на Маријанскиот ров, кој достигнува длабочина од речиси 11 километри во Тихиот Океан.
Станува збор за најдлабокиот дел во светските океани и воедно, најдлабокото место на Земјината кора. Се проценува дека неговата најголема длабочина од околу 11 километри се наоѓа во северниот дел на Тихи Океан, покрај југо-источниот дел од Маријанските острови.
Меѓународната експедиција траела 30 дена, а истата била организирана од страна на Институтот за истражување на океаните ”Schmidt”. Со помош на бродот “Falkor”научниците успеале да изведат едно од најобемните истражувања досега на најголемите длабочини.
Научниците ги испратиле истражувачките сонди без екипаж повеќе од 90 пати на длабочина од 5.000 до 10.600 метри. Истовремено, тие ги проучувале стрмните ѕидови од подводниот кањон.
“Многу студии опфаќаа спуштање директно на дното од ровот, но тоа од еколошко гледиште, е сосема ограничен пристап. Тоа е како да се обидете да го сфатите екосистемот на една планина преку набљудувањето само на нејзиниот врв”, изјавил професорот Џеф Дрејзен.
Подводното возило ”Falkor Hadal Lender” снимило повеќе од 100 часа материјал од длабочините на океанот.
Погледнете дел од она што било снимено…
Имено, риба со бизарен изглед, досега непозната за науката, била снимена на длабочина од 8.145 метри под површината на океанот, со што претходниот



