Постои кичевчанец кој се повампирил?!

Постои приказна во која многумина веруваат дека сепак е вистинита, за кичевчанецот кој се повампирил. Приказната за овој кичевчанец ја раскажува еден млад скопјанец кој ја слушнал од својата баба.  Селанецот бил од кучевското село Извор. Додека неговата крава пасела, тој се одмарал под дрвото. Таа била врзана за колец, во негова близина кога во еден момент ја каснала мува и кравата почнала да се тегне и да прете при што се ослободила од колецот.
Како почнала да бега, така колецот го удрил кичевчанецот по глава и тој веднаш починал. Неговото тело било пронајдено од неговото семејство и утредента тој бил закопан.
Најчудно било што човекот почнал да се појавува како вампир и да ги плаши сите. Тој бил вистински вампир и правел се што правел додека бил жив.
Одел во шталата, ја пасел кравата, ја молзел. И семејството не знаело што да прави. Биле решени да се отселат од куќата бидејќи веќе не можеле да живеат во страв. Тие последна помош побарале кај некој селски џинџија или вампирџија. Тој им рекол дека крвта што му истекла кога го удрил колецот е уште на истот место и затоа доаѓа. Па, домашните отишле на местото кај што умрел, ја собрале земјата и ја ставиле во сандакот на покојниот.  Оттогаш, вампирот веќе не се појавил.
Некои македонски приказни како оваа може да пробуди и смеа кај денешното модерно општество, но во минатото тие биле вистински страв и трепет за населението. Оние кои не веруваат во вампири ќе бидат скептици, но сепак постојат и археолошки докази кои покажуваат дека сепак има некоја вистина кога е во прашање оваа приказна и други мистериозни македонски легенди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.